30 дена притвор за Груби и Бајрами одреди скопскиот Кривичен суд штом ќе станат достапни за органите на прогонот
Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата.
Кривичниот суд им одреди триесетдневен притвор на поранешниот прв вицепемиер Артан Груби и на поранешниот директор на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се недостапни за органите на прогон поврзани со истрагата за Државна лотарија.
– По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија да го прифати предлогот на јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл.165 ст1. Т.1 и 2, посочуваат од Кривичниот суд.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.