Јас како Македонец немам право да одлучувам за албански прашања без Бадентер, но вие како Албанец имате право да одлучувате за македонски без, му порача Димоски на Битиќи

Тој што одземал право во нашата држава е исклучиво вашата партија во најмалку два случаи, му порача Илија Димовски на Фатмир Битиќи од СДСМ во нивното вчерашно соочување во „Само вистина“.

Димовски категорично се осврна на прашањата зошто Македонците чувствуваат дека државата им е одземена и директно му се обрати на Битиќи.

Јас како Македонец немам право да одлучувам за албански прашања без Бадентерово мнозинство, но вие како Албанец имате право да донесувате одлуки за македонски прашања без Бадентерово мнозинство. Тоа е разликата што беше злоуотребена, не од Албанците, туку од СДСМ за да протуркаат и Преспански и Француски предлог и потоа се чудите зошто граѓаните Македонци се чувствувале дека државата им била одземена. Затоа што некој ги довел до ќош и им го одземал правото да одлучуваат за себе. По Устав и по закон тој референдум е неуставен, не сакале Македонците да се искажат, немаш право да промениш име, да натераш историска комисија да разговара за идентитет и историја. За среќа, нити збориме дали Гегите и Тоските имаат ист јазик, чиј е Хасан Приштина или Скендер Бег. Не дај Боже да ти се случи на своја кожа, да ти мешаат дома тоа што си учел од дедовците и прадедовците, му рече Димовски.

Делот започнува од 44:50: