Чашуле: После „организатори“, треба целосно да падне и случајот „27 април“
Паѓа случајот организатори на „27 април“.Обвинителството призна дека во случајот не биле земени во предвид факти кои би можеле да влијаат во постапката, коментира Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“. Чашуле потсетува дека главна забелешка е што не се почитувал законот за амнестија, истиот закон што СДСМ го донесе за да им помогне за промена за името.
Нивиот закон сега им удира од глава-вели Чашуле.
По шест години прогон Обвинителството за организиран криминал призна дека овие луѓе се незаконско гонети.
Со ова паѓа целиот случај „Организатори на 27 април“Рускоска само водела хајка и се изживувала врз Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски.Им праќаше полиција дома, им ставаше лисици на рацете, им создаваше трауми на нивните семејство.Изжувањето го правеше и врз останатите триесетина маченици кои како политички затвореници уште дремат зад решетки како терористи.Веднаш откако ќе падне случајот „Организатори“ треба да падне и другиот случај „27 април“-анализира Чашуле.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.