Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени
Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне процедурата за нивно разрешување и назначување нови, како што е во Деловникот – како што биле назначени, така ќе бидат и разрешени. Ова го истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши, по негативниот извештај за работата на Судскиот совет.
Тоа би значело дека петтемина члена назначени од Собранието би можеле да бидат отповикани во Комисијата за именување и назначување. Од оваа Комисија ќе зависи кога ќе почне процедурата, односно да биде на дневен ред веднаш штом ќе се создадат услови за ова прашање.
„Вчера, усвоивме негативен извештај за работата на Судскиот совет и по тој заклучок може да ги отповикаме и разрешиме“, рече Гаши.
Тој нагласи дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет, кои се избрани од Собранието, со цел да не биде направена правна грешка.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.