Погодена зграда каде се наоѓа Амбасадата на Македонија во Киев

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев.

„Воедно, информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Македонија во Киев.

При нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

Од страна на надлежните служби извршен е првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти МНР.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.