Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција
Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас.
2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3%, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој,вели премиерот Мицкоски во новогодишното обраќање.
2025 година ќе биде година на раст, ред и интеграција. Ќе вложиме во економијата, инфраструктурата и образованието, со фокус на подобар живот за сите. Ќе ја градиме Македонија која ја заслужувате – силна, стабилна и ваша.
Среќна Нова година!
Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.