НИКОЈ ДО СЕБЕ НЕ САКА „ГНИЛО ДРВО“, ПА И ДУИ – Пешевска прашува зошто 7 години СДСМ молчеше за криминалот на Груби

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е силна порака, дека никој нема да биде поштеден од законот и дека секој треба да одговара за она што се огрешил. Но, ме зачудува фактот што СДС беше седум години во коалиција токму со ДУИ и вицепремиер беше Артан Груби и цело време додека ние критикувавме и баравме одговори за одредени криминали и тендери во четири очи, огромни суми украдени и така натаму, СДС молчеа, вели Жаклина Пешевска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во нејзиното вечерашно гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само Вистина“.

Според неа, СДС молчеле затоа што немале доволен коалициски капацитет и влада која се одржувала на стаклени нозе, па во името на коалицијата претходно, во изминатиот период се воздржувале, а сега одеднаш ги отвораат очите и почнуваат да зборуваат.

„Тој синдром јас им го забележaв во Собрание, мислам дека малку, простете на израз, забораваат како се однесуваат, да не речам ги фаќа амнезија, забораваат како се однесуваа кога беа министри, самобендисано, ноншалантно, за да сега целосно се сменија. И видете во овој криминал соучесници се токму членови од вашата партија и се надевам дека правдата ќе ги стигне“, концизна е Пешевска обраќајќи се до нејзината соговорничка и пратеничка од СДС, Јованка Тренчевска.

Пешевска дополнува дека жали што СДС се ставени во позиција да бранат нешто што не се брани и додека некој наполнил џебови и вреќи со пари, СДС сега треба да го штитат. Во контекст на ДУИ таа смета дека нивното оградувањето од Артан Груби е само уште еден показател дека никој околу себе не сака да има човек од криминална природа или „труло дрво“ и со тоа си ја штитат партијата.

„Каде беа претходно кога цело време укажувавме, видете сега, после година дена играње фудбал во канцелариите на владата, сега се освестил Бујар Османи да каже дека тоа видео не требало да излезе. Прво, не требало така да се однесуваат во државните институции и каде бевте госпоѓо Тренчевска вие тогаш да реагирате, кога ние зборувавме, кога се поларизираше јавноста и која е фактурата што вие не ја спречивте и криминалите и еден куп пари што се однесоа од државната каса кога вие бевте во коалиција со ДУИ?“, прецизна е Пешевска.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.