НЕ ДОЧЕКАЛА ДА СТИГНЕ ВО БОЛНИЦА: Жена се ПОРОДИЛА во такси во Црна Гора

Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.

Бебе во Никшиќ, Црна Гора, се роди во такси. Мајката почувствувала болка и тргнала на породување, но не дочекала да стигне до болницата, јавуваат црногорските медиуми.

Мајката и бебето по невообичаеното породување веднаш биле згрижени во болницата во Никшиќ.

-И мајката и бебето пристигнаа во болница со такси. Веднаш по приемот беше пресечена папочната врвца и беа завршени сите други постпородилни процедури. Бебето е одлично, тешко 2.330 грама при раѓањето, потврдија во болницата во Никшиќ.

Храбрата мајка од Никшиќ, која на необичен начин го донесе на свет своето бебе, има 27 години.

Сличен случај имаше и во Македонија пред четири години, кога велешанка се породи во такси пред да влезе во болницата.

Според тогашните натписи во медиумите, кога стигнале пред болницата, таксистот ја отворил вратата од автомобилот и повикал помош од медицинските сестри. Папочната врвка беше пресечена во возилото.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.