Мицкоски најави вонредни контроли на Државниот пазарен инспекторат поради драматично зголемување на цените
Робусна и жестока акција најави премиерот Христијан Mицкоски на големите ланци на маркети кои како што посочи манипулирале и користеле трикови со владините мерки за намалување на цените.
Срамота е ова што го прават на граѓаните пред празниците што доаѓаа, истакна Мицковски кој најави итна вонредна инспекција за како што го нарече девијантното однесување на трговците.
„Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некој други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото лебот млекото млечните производи шеќер сол и така натака јајца и слично трикови не може тоа нема оваа влада да толерира и жестоко има да се справиме со овие кои што мислат не надмудриле.“ – Христијан Мицкоски.
Од СДСМ пак прстот го вперија во премиерот, кој заедно со трговците ја подготвиле измамата со кошничките.
„Сега треба да признае дека тој е автор на оваа огромна кражба на граѓаните во маркетите и дека во договор со трговците е дојдено до оваа ситација. Тој ги остави намерно и непречено да ги качуваат цените со месеци пред да стапи на сила мерката. А кога стапи на сила мерката цените само се качија а не се намалија. СДСМ со месеци укажува на тоа дека Мицкоски и Владата заедно со трговците кројат план и сега тој план конечно се потврди. За ова Мицкоски мора политички да одговара.“ – СДСМ.
Трговците велат дека засега не планираат дополнителни акции оти веќе ја завршиле својата обврска во однос на намалување на цените за новогодишните празници.
Оваа нова година во маркетите недостастуваат акциите на дел од производите кои се продаваат како пакети со драстично пониска цена од вообичаена. Речиси редовна пракса низ годините беше да има комбинација од производи кои редовно се наоѓаат на празничната трпеза. Оваа година тоа го нема.
Ова го потвриија и граѓаните кои велат дека секоја година имало многу повеќе промиции и попусти за нова година на храната додаваат дека со вртоглавите цени се помалку производи ќе можеме да си дозволиме на нашата трпеза.
„Тоа се економски финти комерцијални финти низ трговијата и вероватно им пали. “ 00005
„Јас знам само една работа дека се е поскапо и поскапо и се помалку ќе можеме да си дозволиме одредени производи на нашата трпеза за нова година.“00008
„Ехеее па нормално, трговец ако не те изигра “ 00010
Синдикалната минимална кошничка со која се пресметуваат трошоците за живот во месец декември споредбено со месец ноември зголемена е 840 денари. Според ССМ само за храна на едно четиричлено семејство му се потребни над 23 илјади денари, додека во однос на претходниот месец трошоците за храна се зголемиле за 397 денари.ос
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.