Ефтимов: Членовите на Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки
„Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да ги мониторираат работењето на судовите и судските инстанци тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и неприменување на законите“, истакна државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов на денешната трибина насловена „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“.
Ефтимов продолжи и додаде:
„Со овој извештај всушност станува збор за еден статистички извештај во кој можат да се видат само бројки и податоци во однос на постапувања на предмети каде немаме никакво суштинско решавање на проблемите и воспоставување на систем на надзор и контрола за подобрувања на состојбите во правосудниот систем“, кажа Ефтимов.
Ефтимов посочи дека членовите во Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки и додаде:
„И да не постои овој извештај целата македонска јавност, а и меѓународна заедница е свесна што се случува и на очи на целата јавност имаме факти и докази за конкретни случаи што истите не преземаат за воспоставување на владеење на правото во Република Македонија“, укажа Ефтимов.
Ефтимов потенцираше дека на секој треба да му е јасно дека е подложен на законите и за истото ќе одговара.
„Доколку сакаме во Република Македонија да имаме владеење на правото тогаш секој еден поединец кој е во овие органи треба да има јасна претстава дека и највисоките правосудни органи се подложни на законите и позитивните законски прописи и истите ќе одговараат пред законот и Уставот на Република Македонија. Сето она што е вметнато во самиот извештај е отсликување на состојбата“, дециден е Ефтимов.
Ефтимов истакна дека реакцијата на поединци во правосудните органи е всушност лична заради нивна вмешаност во нешто што направиле.
„Реакцијата од страна на поединци во правосудните органи дека се врши мешање на властите во правосудството е всушност кај оние кои се засегнати лично бидејќи направиле нешто што не треба да го направат, тие се свесни за тоа и затоа оној одбранбен механизам на противење на реформи во правосудниот систем го ставаат под тезата дека тоа е мешање во судската власт“, заклучи Ефтимов.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.