Во раскинатиот договор со „Марковски компани“ подизведувач била фирма на Заеви

Откако РЕК Битола објави дека се раскинува тендерски договор со „Марковски компани“ за ископ на јаглен во вредност од 43 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ вели дека подизведувач во оваа набавка била фирма на семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Според владејачката партија, десетици милиони евра се апсорбирани од блиските фирми на Заев преку слични тендерски договори и дека тоа, меѓудругото, изискувало поскапена цена на струјата.

„Тендерот од 43 милиони евра за ископи на Марковски компани, кој го откажа новото раководство на РЕК Битола, е само еден од десетиците, каде фирми како Јавор Транс и други блиски до Заев апсорбирале милиони како подизведувачи. Сомнителните тендери во РЕК Битола преку кои се апсорбираат милиони резултираа со поскапа струја за луѓето. Венко Филипче, иако не се откажува од Заев, не се откажува од криминалот во РЕК Битола и го прифаќа како политичко наследство со кое се гордее“, рече Бране Петрушевки од ВМРО-ДПМНЕ.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.