Реното Кангу го донирав на партијата Десна, видов и пиштол во штабот – сведочи сопартиец на Палевски и сопственик на возилото

Сопственикот на Реното „Кангу“ кое се појавува на снимките, Ѓорѓи Џолев сводечеше во Кривичен суд за убиството на Вања и Панче.

Сопственикот на Реното „Кангу“ кое се појавува на снимките, Ѓорѓи Џолев сводечеше во Кривичен суд за убиството на Вања и Панче.

Тој рече дека во штабот на Десна видел како имало пиштол, и објасни како изгледало оружјето.

-Тоа беше во штабот на Десна кај Шампионче. Во собата каде што спиеше Палчо имаше пиштол во футрола. Пиштолот беше во темна боја, темна или црна … Не прашав поради која причина е пиштолот тука, рече Џолев.

Обвинителката потоа праша: Не ви беше чудно зошто има пиштол во политичка партија?

-Можеби не сум можел да прашам бидејќи имаше и други лица. Не ми е јасно чив беше тој пиштол, но мислам дека беше на Палевски, рече Џолев кој кажа дека често донирал на партијата.

„Јас често донирав во партијата, пари, купував и опрема, појачала, микрофони и сл.“

Џолев рече дека возилото „Рено Кангу“ било донирано од негова страна на партијата Десна.

-Тоа возило е од Исланд во 2009 година, а во 2023 година го дадов на Десна. Претседател сум на централен комитетот на ПП Десна. Со Палчо се познавам од 2017 година, Велибор од 2020 или 2021 година, другите ги знам од подоцна. Кекишев од 2021 кога штабот беше Опера Хаус во Адвокатска улица. Боре го запознав последен во 2023 година, точно не можам да се сетам, изјави Џолев.

Обвинителка: Како се запознавте со Палчо?

„Ги следев неговите подкасти и еден друг пријател ме запозна. Тоа беше 2017 година. Јас бев дел од Трета република и учествував во процесот на „Бојкотирам“ за референдумот. Со Палчо не се слушав често, кога бев во Исланд се слушавме преку Вајбер, Телеграм …“

Обвинителка: Од која причина го дадовте возилото на Десна?

-Немаше посебна причина. Полномошно не дадов. Јас го оставив на располагање, претходно беше исто така кај член на Десна. За мене беше полесно некој да го користи тоа возило. Јас не гледам што е проблем да се позајмува колата, јас во Исланд тоа често го правам. Јас не кажав дека возилото засекогаш ќе остане кај нив, го дадов на користење и да се пресели штабот од едно на друго место, рече Џолев.