Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница (ВИДЕО)
Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси, во сојузната држава Утар Прадеш, Индија, јавуваат медиумите. Официјални лица изјавија дека пожарот брзо се проширил низ одделението каде што се лекуваат 55 бебиња.
„Четириесет и пет бебиња се спасени и добиваат медицинска помош“, изјави локалниот функционер Бимал Кумар Дубеј и потврди дека се уште не е јасно што го предизвикало пожарот.
Брајеш Патак, вицепремиер на Утар Прадеш денеска ја посетил болницата, се сретнал со семејствата на жртвите, ветил поддршка од владата на семејствата на жртвите и темелна истрага.
„Ќе ги идентификуваме одговорните за оваа трагедија и ќе преземеме строги мерки. Владата е со семејствата во овој тежок момент“, рече тој.
Кога пожарникарите пристигнале да го изгаснат пожарот, морале да ги скршат прозорците за да дојдат до доенчињата, а очевидци велат дека спасувачката операција започнала околу 30 минути по избувнувањето на пожарот, што ја забавило евакуацијата.
Fire in neonatal unit of a hospital in Jhansi city in India’s Uttar Pradesh state kills at least 10 newborn babies and injures 16 others pic.twitter.com/9TrRzrbQYq
— TRT World Now (@TRTWorldNow) November 16, 2024