Курти го ничкоса Ахмети: Сметам дека ротациите се здрави!

Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години, изјави Курти и му пушти студен туш на Али Ахмети кој никако да се помири со позицијата во опозиција.

Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години, изјави косовскиот премеир Албин Курти и му пушти студен туш на Али Ахмети кој никако да се помири со позицијата во опозиција. Изјавата, зачинета со онаа дека Македонија нема закон за албанскиот јазик, туку закон за јазици, предизвика лавина реакции кај врхушката на интегративците кои никако да се помират со вистината која косовскиот премиер, народски кажано „им ја плесна во фаца“.

Прашан за незадоволството на ДУИ, Курти истакна дека политичката ротацја е здрава работа и не треба да се води битка само за функционерките фотељи, туку да се водат битки за идеи. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста.

„Сметам дека ротациите се здрави, колку што знам Демократската унија за интеграција беше на власт веќе 22 години. Од основањето како субјект некаде околу година и половина беше во опозиција. Ротацијата е здрава. Од друга страна јас бев 20 години во опозиција. Сега сум во влада, 4 години ќе навршат следната пролет, но првин ќе имаме нови избори. Мора да се бориме со идеи за граѓаните и за Албанците. Мислам дека не треба да се бориме за власт. Нека победат идеите, посветеноста, патриотизмот, чесноста. Ова треба да биде победата. Но, ротациите се неизбежни. Ние сме една нација, Албанците каде и да се, имаме еден идентитет и еден јазик, но не можеме да имаме една политичка партија„, додаде Курти.

“Кога станува збор за правата на Албанците таму, имаме посебна чувствителност, разбрав дека таму нема закон за албанскиот јазик, во Северна Македонија има закон за македонскиот јазик и кирилицата, но нема закон за албанскиот јазик. Иако оваа недела ќе го одбележиме и Битолскиот конгрес од 1908 година кога е основана азбуката на нашиот убав албански јазик, значи законот за албанскиот јазик не постои. Од друга страна имаме закон за употреба на јазиците. Значи, треба да се обидете да останете 20 проценти, ако паднете под 19 проценти, како повеќе да не постоиш во јазична смисла на зборот, а тоа се формулациите од минатото, кои со закон не го прават албанскиот јазик свој јазик”, рече Курти.

По изјавата на ѐКурти, најгласно залелека Бујар Османи, Потпретседателот на Демократската унија за интеграција, кој изјавата на косовскиот премиер за албанскиот јазик во Македонија, ја нарече „скандалозна“ и „штетна“.

Османи отиде дотаму што оцени дека дури Курти ја поткопувал и точката од Охридскиот договор која ја регулирала употребата на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година.

Османи, силно повреден од вистината која му ја предочи Курти, продолжи да кукка и ја поврза изјавата на Курти со антиалбанската политика што, како што тврди, доминирала во Македонија, и предупреди дека ова ја поткопувало функционалноста на мултиетничката демократија во земјата.