Жена ти, сестра ти, устата смрдена да ти ја… – недолично и насилно однесување на пратеникот Димитар Апасиев

Жена ти да ја, сестра ти да ја, во устата смрдена да ти ја … Ова е речникот на пратеникот и лидер на Лебица, Димитар Апасиев во собраниската сала. На денешната собраниска седница за пратенички прашања за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За да спречи ескалација на вербалниот инцидент, претседателот на Собранието, Африм Гаши, повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза.

Пцовки, навреди, закани. Апасиев во обид да влезе во физичка пресметка. Неговите сопаријци се обидуваат да го смират додека тој со собраниските слушалки фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Недолично, неетичко неморално однесување за народен избраник кој е платен со народни пари.

Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот