Германија ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна

Германските граѓани се предупредени да се подготват за можна Трета светска војна со Русија, откако рускиот претседател Владимир Путин уште еднаш се закани со нуклеарен напад.

Тензиите се зголемија откако американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија, по што Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје е последна линија на одбрана.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Русија не е само воена, туку и хибридна закана и дека Европа треба да има широк пристап кон одбраната. Германското Министерство за надворешни работи, исто така, вети дека Путин нема да ја „заплаши“ земјата откако беше откриено дека Германија ќе стане полигон за обука на НАТО доколку конфликтот дополнително ескалира.

Во документот од 1.000 страници, наречен „Operationsplan Deutschland“, Германија ќе биде домаќин на стотици илјади војници од земјите на НАТО. Ќе служи како логистички центар за испраќање воена опрема, храна и лекови на фронтот.

Војската во Германија, исто така, ги информираше цивилите и деловните субјекти како да ја заштитат инфраструктурата и да бидат подготвени да ја одбранат земјата доколку биде нападната, било да е тоа саботажа, напади со беспилотни летала или шпионски операции.