Бугарите не можат да преболат зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел е заменик генерален секретар на НАТО
„Њамам трпение да работа с Радмила Шеќеринска“ вели во текстот на бугарски генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, што на бугарски јазик значи: „Едвај чекам да работам со Радмила Шеќеринска“, иако, кај нас кого и да прашате би разбрал дека Руте не може да ја смисли Радмила. Кај нас тоа е значењето на „немање трпение да работите со некого“. Толку за истиот јазик и народ…
„Њамам трпение да работа с Радмила Шеќеринска“ вели во текстот на бугарски генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, што на бугарски јазик значи: „Едвај чекам да работам со Радмила Шеќеринска“, иако, кај нас кого и да прашате би разбрал дека Руте не може да ја смисли Радмила. Кај нас тоа е значењето на „немање трпение да работите со некого“. Толку за сштиа/истиот јазик и народ…
Толку за јазикот и народот, во меѓувреме бугарските медиуми со доза на гнев и очебиен непребол известуваат дека Радмила Шекеринска од Македонија е новиот заменик генерален секретар на НАТО.
Како што пишуваат тие, Шекеринска на оваа функција ја претрка поранешната бугарска вицепремиерка, министерка за надворешни работи и еврокомесар Марија Габриел, која беше кандидат и по смената на раководството на Алијансата и изборот на Марк Руте за главна функција.
Одлуката на Руте да оди со македонскиот претставник пред Габриел или друг кандидат беше објавена утрово.
„Руте избра Македонка пред Марија Габриел за заменик шеф на НАТО“
Вака гласеше еден од многуте наслови во бугарските медиуми од медиумот Сега.бг утрово откако се обзнани дека втор човек во НАТО Алијансата ќе биде Македонката Шекеринска.
Новата позиција на Радмила Шекеринска во НАТО особено е тема на дискуија во бугарските медиуми бидејќи во најтесен избор се споменуваше и името на Марија Габриел од партијата на Бојко Борисов.
Уште пред Руте да ја преземе функцијата, беше објавено дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека негова замена треба да биде жена од Источна Европа. Во тоа време, висок дипломат на НАТО изјави за публикацијата дека разговорот бил фокусиран на две жени – Марија Габриел и Радмила Шекеринска.
Меѓу другите кандидати беа и поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора во периодот 2020-2022 година.