Анкета: Mицкоски 27, 8 отсто, Ахмети 8,6, Филипче 5.5

Премиерот Христијан Мицкоски има најголема поддршка кај граѓаните од 27, 8 отсто, покажала најновата анкета на ИПСОС изработена за потребите на ВМРО-ДПМНЕ. Според ова истражување работено во октовмри, теренски и телефонски на 1005 испитаници.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од тројна поддршка пред Али Ахмети со 86, Венко Филипче со 5,5 отсто доверба.

Анкетата на ВМРО-ДПМНЕ го проверувала мислењето кај граѓаните и за други важни прашања.

Па така, за предлогот на премиерот Мицкоски за уставни измени со одложено дејство 52 отсто од граѓаните велат ДА а 39 имаат негативен став. По етнички состав, 49 посто од Македонците се против а 42 го поддржуваат. Кај Албанците 19 се против, а 75 се За.

На прашањето дали треба да се направат уставните измени и да се почнат преговорите доколку Европскиот парламент даде гаранции за македонскиот јазик и идентитет и Бугарија испорача неколку пресуди од Судот во Стразбур , 57 проценти од граѓаните викаат Да а 37 посто Не.

На прашањето дали граѓаните го поддржуваат францускиот предлог, поддршка даваат 28 проценти а не го поддржуваат 53 посто.

66 проценти од Македонците не го поддржуваат, а 18 го поддржуваат, а кај Албанците 29 посто не го поддржуваат , а 49 посто даваат поддршка.

Во однос на партиите ВМРО-ДПМЕ има поддршка кај 26 посто од граѓаните, ДУИ, СДСМ и Вреди 7, Левица 5 и ЗНАМ 4.