Фирма на македонски новинар кршела санкции со Русија? „Лидер“ открива дека има голема истрага!

Продукти на компанија која произведува земјоделски производи во југоисточна Македонија, завршувале на рускиот пазар и покрај тоа што Македонија има воведено санкции за овој пазар, дознава Радио Лидер.

Како што дознава порталот, веќе се води меѓународна истрага за овие дејствија, кои вределе милиони евра а во кои биле вмешани и канали од соседна Бугарија.

-Во опсежното истражување кое го спроведува Радио Лидер, стигнавме до шокантни документи за тоа како оваа компанија била фаворизирана од претходната власт во нашата земја, која и овозможила поволна земја под концесија и ги ставила нивните продукти на листата на продукти за добивање на субвенции баш кога тие почнале да ги произведуваат. Во исто време, интересно е што 100% од проектите завршувале за извоз, а приходите кои ги имала компанијата за неколку многу пати ги надминувале расходите, што ја прави сомнителна за перење на пари, пишува порталот.

Како што дознава Лидер, скриен сопственик на оваа компанија е еден новинар од Македонија, кој користејќи ги своите лични врски со претходната влада и министерот Љупчо Николовски успеал од државата да ги добие сите поволности.  Порталот за ова поседува документи.

Друг сопственик на компанијата е бизнисмен од Скопје, кој се бави со бизнис целосно различен од земјоделието.

Веројатно соочени со меѓународната истрага, двајцата ко-сопственици неделава го сменија управителот на компанијата и на тоа место седна човек со исто презиме со еден познат скопски адвокат.

Во наредните денови Радио Лидер ќе објави повеќе продолженија на темата.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.