Тошковски: ДРЖАВАТА БИЛА ДУШМАНСКИ КРАДЕНА, секојдневно пристигнуваат докази за злоупотреби од министрите од поранешната влада

Државата душмански била крадена од страна на голем број на граѓани, особено функционери, бизнисмени“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Тој рече дека во овој период од 100 дена, Врховен судија завршил во затвор, а еден член од Советот за јавни обвинители бил отстранет од работа поради злоупотреби на службената положба.

„Во изминатиот период за оние 100 дена кои ги имавме, драго ми е што се успеа правосилно да се заврши со една постапка, која што на крајот процесиуриаше три години затвор за Врховен судија за злоупотреба на позиција и е отстранет од работа еден член од Советот за јавни обвинители. Тоа е конкретно на дејствија кои се преземени од МВР“, рече Тошковски.

Тошковски рече дека секојдневно пристигнуваат докази до МВР за голем број злоупотреби од страна на министрите од поранешната влада.

„Во однос на одредени претходни министри, постојат соодветни докази коишто се уште сме во рана фаза да кажеме дека се процесуирани во вториот чекор потребен да се затвори оваа постапка. За многу голем број на злоупотреби секојдневно се доставуваат докази до МВР. Секој ден.

Тошковски во гостувањето ја критикуваше измената на Кривичниот законик, и кажа дека тоа донело многу проблеми.

Тој кажа дека и натаму не е познато кој ги предложил измените, и како биле донесени, но дека се работи да се упростат постапките, кои сега изгледаат многу сложено.

„Тоа што премиерот го говори е вистина. И секојдневно се бориме со таа тема. Еве еден пример, кој е последица на измената на Кривичниот законик, а си поминаа. Сега по тој закон наместо еден обвинител да постапува по еден предмет, се разводнува постапката. И заради тоа не моќе преку ноќ да се носат промени“, рече Тошковски.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.