Фотографија од Софија ја урива пропагандата на СДСМ

Фотографија од Софија ја урива пропагандната акција на СДСМ и нивните медиумски мегафони кои ја напаѓаат претседателката Гордана Сиљановска Давкова за тоа што го направил протоколот на Радев а не кажуваат ни еден лош збор за бугарскиот претседател реагираат бугарски граѓани.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на која се гледа дека на официјалниот настан на кој беше присутна претседателката Гордана Сиљановска Давкова во софиската опера каде настапуваше македонскиот театар е поставено македонското државно знаме.

СДСМ и нивните медиумски мегафони се обидуваат да го прикажат како скандал на Силјановска тоа што Радев не ги почитувал договореното а молчат за тоа што протоколот на бугарскиот претседател не го почитувал договорениот протокол.

Причините се повеќе од јасни за сите што разбираат политика и медиуми.

Во моменти кога МВР апси луѓе блиски на актуелниот и екс лидер на СДСМ за тежок криминал и корупција мрежата на СДСМ во медиумите и јавниот простор се обидува да ја сврти темата и да зборува за нешто друго.

Тоа за што молчат сите пропагандисти на СДСМ е македонското знаме кое стоеше на официјалниот дел од посетата на Силјановска Давкова во Софија во Софиската опера.

За разлика од кабинетот на Радев од каде направиле (не)случајна грешка во Софиската опера каде што беше изведувана Набуко од Македонската опера македонското знаме беше истакнато заедно со бугарското.

Извор: Експрес.мк

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.