Утрото започна со земјотрес со јачина од 3.4 степени според Рихтер

Земјотрес со јачина од 3.4 степени по Рихтер се почуствува во Скопје.

Земјотресот се случи во 2 часот и 6 минути по полноќ.

Според Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) епицентарот е 13 км североисточно од Студеничани, на 23 километри исочно од Скопје, со длабочина од 12 километри.

Првично проценката беше дека јачината е 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Printscreen / emsc.eu/#earthquake

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.