Обид за убиство во Арачиново: Пукано кон две лица, кривична пријава за тројца скопјани

Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

СВР Скопје расчисти кривично дело „убиство во обид” и кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Во врска со кривично правниот настан случен на 29.08.2024 околу 21 часот во с.Арачиново, скопско, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од с.Арачиново, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации во с.Арачиново.

Oд слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново.

Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од с. Арачиново за кривично дело обид за убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ.

Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.