Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да си гледаме нашиот државен интерес и да не влегуваме во замката на предизборната кампања во Бугарија. Жали што во отсуство на сериозна визија, проекти и стратегија, главна тема во Бугарија е Македонија и македонското прашање.

Им посакувам успешна кампања и по седми пат да изберат стабилна и политичка влада со која ние како македонска ќе можеме да градиме добрососедски и вистински односи. Тоа и се очекува од добри соседи и затоа постои Добрососедскиот договор – рече Мицкоски од општина Штип.

За барањето на европратениците од бугарската ГЕРБ за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија, Мицкоски вели: