Маскирани лица вчеравечер го претепале претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, вчеравечер бил претепан од неколку маскирани напаѓачи во ресторанот Балканика во Скопје, објави телевизијата „Алсат“.

Инцидентот во изјава за телевизијата го потврди портпаролот на ФФМ, кој прецизирал дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.

Засега не се познати причините за инцидентот и нема информации за здравствената состојба на Сејдини.

Сејдини е на чело на ФФМ од 2019 година.