Либански Хезболах го нападна северен Израел

Либанското движење Хезболах синоќа соопшти дека го нападнале северниот израелски град Сафед, што е негов прв напад по тешките израелски напади врз воениот штаб на движењето во јужните предградија на Бејрут.

Хезболах вели дека истрелал ракети кон Сафед „во одбрана на Либан и неговиот народ и како одговор на израелските напади“, соопшти шиитското либанско движење.

Израелската армија пак соопшти дека ракета на Хезболах погодила куќа во Сафед и дека и таа извршила напад и врз позициите на Хезболах во Либан, каде попладнето го гаѓала седиштето на организацијата.