Кумановец загина на патот Битола – Ресен
Вчера попладне во СВР Битола е пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.