КОЦКАТА Е ВЕЌЕ ФРЛЕНА: Започна падот на империјата на кланот Заеви – еве кој бизнисмен е во центарот на пирамидата

Криминалната империја под опсада на државните институции. Државните институции започнаа офанзива против криминалната империја и дали со тоа ќе бидеме конечно сведоци на нејзиниот крах, која нанесе големо зло на македонските граѓани, објави Канал 5 телевизија.

Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и управата за јавни приходни, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар. Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници. Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присутвото на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за инситуциите на државата. „Коцката е веќе фрлена“

Неофицијално станува збор за удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на поранешниот премиер.

– Се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Крмзов кој е близок до семејството на екс премиерот. Сомнежите се за милионсло даночно затајување, перење пари, прикривање докази. Под полициска опсада е и позната Вила парк-Струмица, објави Канал 5.

Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја кординираат акцијата се Министерство за финансии, ОЈО и МВР, дознава Канал 5 од извори во МВР.

Се огласија и од ОЈО

Во тек е голема полициска акција во Струмица, Скопје и Гостивар по сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279, „даночна измама“ по член 279-а и перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик. По известување од МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела, соопшти МВР. На разговор за оваа криминална пирамида повикани се и управители на фирми, адвокати и нотари. Сомневањата се повторно за криминална пирамида со ДДВ.

„Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи. При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка“, соопшти МВР.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови.

Полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координарано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедија бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката, соопшти Основното јавно обвинителство.