Во циклонот „Борис“ загинаа осум луѓе, илјадници се евакуирани во Полска, Чешка, Австрија и Романија

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

Бурата Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ централна и источна Европа, со нови поројни дождови во прогнозата барем до крајот на понеделник.

Во некои од погодените делови за три дена наврнале 288 мм дожд, воден талог кој во нормални временски услови би наврнал за време од три месеци.