Виктор Орбан пристигнa во Македонијa

Во Македонија пристигна унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Курир

Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.

Курир

Премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе има тет-а-тет средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски. Орбан, како што информираат владини извори, е пристигнат со бројна делегација во чиј состав се и 10-тина министри.

Курир

Според агендата, утре по средбата на двајцата премиери, ќе се одржи меѓувладина седница по која Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција.

Курир

Како што информираат од Владата, на маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид.

Курир

Во Охрид се забележува засилено полициско обезбедување. На улиците „Илинденска“ и „Коста Абраш“ денеска и утре ќе биде забрането запирање и паркирање возила, а додека се движат возилата на делегациите привремено за сообраќај ќе биде затворен дел од магистралниот пат Кичево-Охрид, од аеродромот до клучката кај „Распаќе“, долж булеварите „Туристичка“ и „Македонски просветители“, улиците „Абас Емин“ и „Кирил и Методиј“ како и регионалниот пат Охрид – Св.Наум.

Курир

Орбан доаѓа во земјава по 10-тина години откако во 2013 година беше одликуван со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива соработка на Македонија и Унгарија.

Унгарија, како моментален претседавач на Европската Унија, би можела да игра клучна улога во поддршката на Македонија на патот кон членство во ЕУ. Македонската влада гледа во Унгарија потенцијален спонзор за нејзиниот евроинтеграциски процес, иако ваквата поддршка може да наиде на отпор кај некои други членки на ЕУ.