Ќе се дознае како службеници во МВР ОДЛУЧУВАЛЕ КОЈ ЌЕ ДОБИЕ ОРУЖЈЕ, А КОЈ НЕ

На улиците има нелегално оружје, но има и легално оружје стекнато на нелегален начин, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Дневникот на МТВ. Зборувајќи за последните настани во Мавровка и Гајре, Тошковски рече дека некои службеници во Минситерството користеле дискреционо право за одредени лица да добијат, односно да не добијат дозвола за оружје.

Тој најави дека во тек е изработка на процедура за постапката на издавање оружје.

Да се запази рокот од шест месеци, а не како што сега има барања од 2022, да се издава дозвола само на лица кои ги исполнуваат критериумите, а не врз основа на дискреционо право на некој службеник и по принципот прв дојден прв услужен, вели Тошковски.

Тошковски ги посочи ловџиите како оштетени во овој процес.