(ФОТО+ВИДЕО) ЦУК: При транспорт до пожарите на Галичица, охридските спасители извлекоа повредена туристка од Чешка

Драмата се одвивала на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, а во акцијата учествувале спасителите од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во, како што велат, драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска е спасена 68-годишна туристка од Чешка која имала скршеница на ногата.

Драмата се одвивала на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, а во акцијата учествувале спасителите од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид.

На жената прво ѝ била дадена итна медицинска помош на самото место, а потоа со интервентен хеликоптерски превоз на МВР е пренесена до најблиското место за давање соодветен медицински третман.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.