Судијата Георгиев бара неговите колеги да поседат малку во Шутка пред да му го продолжуваат притворот

Врховнот судија Наќе Георгиев кој е во притвор во Шутка поради мито од 10.000 евра и се сомничи дека поседувал во друг предмет за поранешниот градоначалник Боро Стојчев има само едно посебно барање.

Директорот на затворот „Шутка“ Бобан Утковски за емисијата „За или против“ вели дека судијата нема некои посебни барања или услови и е во ќелија со уште двајца притвореници.

Сепак има едно барање кое не е во надлежност на затворската управа.

Се жали дека не ги читаат предметите туку дека по автоматизам му го продолжуваат притворот.Како препорака од него е идините колеги да поседат еден месец внатре и пред да дадат продолжување мерка притвор да видат дека не се дава тукутака-откри Уктовски што му кажал Георгиев.