Стојановски до Арсовска: Еве ви бел лист и напишете решение за јавниот превоз за од понеделник, втори септември! Автобуси за Скопје треба да се набават брзо, а не да стигнат после една година!

Овие изјави градоначалничке Арсовска што ги давате дека некој бојкотирал или не, тоа е само еден обичен пиар. Сега гледам излеговте, а ќе беше добро да ме слушнете додека говорам, рече Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје на денешната седница обраќајќи и се на градоначалничката која повторно ја напушти седницата на Советот.

Стојановски како советник од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот побара решение за од втори септември.

„Во понеделник е втори септември, децата почнуваат со училиште, речиси сите се враќаат на работа и еве ви бел лист и напишете, кажете како ќе го решите превозот на 2 септември затоа што вие овде што го зборувате е за набавка на автобуси. Тоа е за една година од сега“, рече Стојановски.

Стојановски јасно апелираше дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараат решение за превозот во градот за од втори септември, а не за до година.

„Значи еве го листот и напишете, кажете решение за од втори септември“, и порача Стојановски на Арсовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека решение на Градот му треба од понеделник, а не после една година.

„Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз. Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година. Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на Скопјани не им треба решение по една година какво предвидува Арсовска и тоа преку ново милионско задолжување на градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година. Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје. Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.