Сончево и многу топло време со температурата до 40 степени, МЗ препорачува ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Синоптичарите информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од денеска до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Особено топло ќе биде до среда кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

– И покрај високите температури од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, соопштуваат од УХМР.

Владата ги усвои препораките на Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури.

– Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, од 12 до 14 август, предвидено е ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, известуваат од Министерството за здравство.

Оттаму, меѓу другото, посочуваат единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од Министерството.

Се апелира населението да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, како што се, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.
Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.

 

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.