Поддржувачи на СДСМ со силни осуди за шопингот на Бисера во Лондон: Не е до картичката – до интелигенцијата е

Поддржувачи на СДСМ почнаа со силни осуди за злоупотребуваta на државните ресурси од поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Скандалот со пазарењето во Лондон од службената картичка на хулахопки, чорапи, фудбалска топка и плишано мече, го критикуваат дури и лица како Зоран Иванов. Тој на социјалните мрежи напиша.

 

„Не е до картичката – до интелигенцијата е! И не е до картичката – до карактерот е!“,

Од СДС немаат ни срам ни перде. Фатената во лаги Бисера Антоанета прво негираше, а потоа призна дека купувала чорапи, хулахопки, мечиња, топки и куфер. Е сега каква врска имаат со службени потреби тоа само таа си знае?, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Интересно е како мече и топка и се службена потреба на Бисера Антоанета, која ни помалку ни повеќе потрошила околу 52 илјади денари, сума со која живее четиричлено семејство цел месец.

Како и да е вакви појави не може да останат неказнети. Трошење на народни пари за лични потреби не е дозволено и тоа треба секому да е му е јасно.

Едно е јасно овој случај со Бисера Антоанета е само почеток. Денес продолжуваме да го откриваме расипничкото однесување на претходната власт.

Граѓаните мора да знаат за што се трошат нивните пари и тоа никако не смее да се лични потреби на министри, функционери, затоа секој кој не го почитувал правото ќе одговара!, стои во соопштението на партијата.

По откривањето на овој скандал на потег се институциите, откако прва се охрабри Антикорупциската комисија која отвори случај.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.