Пајазити има многу пресуди кои што се дискутабилни, Мицкоски остава на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за улогата на Блерим Рамадани во Македонија и дали судијата Пајазити треба да одговора, рече дека тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ.
Па тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ и тој се има покажано со своите одлуки во минатото. Пајазит Пајазити е судија кој што во минатото има направено многу ваков тип на пресуди кои што се дискутабилни. И јас еве оставам на Судскиот совет да одлучи што понатаму со судската кариера на судијата Пајазит Пајазити – изјави премиерот Мицкоски.