МЕПСО давал донации за портали, фитнес клуб, школа за танц…
Иако за годинава за спонзорства и донации државната компанија МЕПСО планирала да потроши 12.300.000 денари, до јуни годинава за тоа се потрошиле 22.712.500 денари, нешто повеќе од 10 милиони денари од планираното. „МКД.мк“ чекаше повеќе од еден месец на одговорите на прашањата за критериумите на распределбата на парите за донации и спонзорства и за причината за пречекорувањето на предвидениот фонд. Одговор нема.
Според документите кои ги доби поратолот, на листата од 33 поделени донации и спонзорства, најбројни се спортските клубови, а најголем дел од парите биле доделени на затворот Идризово во Скопје (5.945.000 денари), на Здравствениот дом Скопје (2.900.000 денари) и на ЈЗУ Мајка Тереза (2.767.500 денари).
Сепак, останува нејасно според кои критериуми МЕПСО доделил 400 илјади денари, на пример на Здружението за слобода на говор и професионално известување Брианион од Демир Хисар. Ова здружение се јавува како издавач на порталите sportm.mk, 4news.mk, sofra.mk и onix.mk.
На листата е и Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. 22 Ноември е Ден на азбуката на албанскиот јазик.
За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН и ОФ на Македонија на интернет не може да се најдат никакви податоци.
Картинг клубот Рено од МЕПСО како донација доби 150.000 денари. Школото за танц Прима данца во април добило 300.000 денари како спонзорство.
МЕПСО дало пари и за филмаџиите – друштвото за филмска и аудиовизуелна продукција ПИК продукција од Прилеп добило 300.000 денари донација.
И она што е најинтересно, а тоа е како менаџменот на МЕПСО може да ја образложи донацијата за фитнес клубот Динамикс од Кичево од 200 илајди денари.
Извор: МКД.мк