Иџет Мемети од Советот на обвинители призна вина и се спогоди да не лежи затвор за случајот со митото и врховниот судија
Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.
Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.
Од Обвинителството за гонење организиран криминал за Телма кусо одговорија дека ќе следи информација во текот на денот.
Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко.
Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот Народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат.
Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.