ЗЕЛС подготвен да предложи законски измени за одземање на ингеренции на дел од претпријатијата

Скопските градоначалници не отстапуваат од идејата за одземање на ингеренциите на град Скопје за дел од јавните претпријатија и предавање на надележностите на општините во главниот град.

Ова е ставот на првиот човек на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиевски по вчерашната маратонска седница на Советот на град Скопје на која имаше повеќе од 60тина точки на дневен ред, но решение за проблемот со јавниот градски превоз не се најде. Според Ѓоргиевски едниствено решение на проблемите со кој се соочува градот во моментов е оставка на градоначалничката и предвремени избори во Град Скопје и во таа насока, како што вели, се подготвени да одат и чекор понатаму – да предложат законски измени за одземање на ингеренциите.

„Вие видовте после два три поста на градоначалничката и наводно средување на состојбите со комунална хигиена повторно градов е депонија.. Повторно тоне во отпад целиот град, така што ние како група сме спремни да иницираме и законски измени во Законот доколку е потребно тоа, се со цел да се овозможат подобри услови за функционирање на сите скопјани. “-Орге Ѓоргиевски.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели дека во моментов се неопходни итни и брзи решенија, но доколку е потребно би го поддржал и евентуалниот предлог на ЗЕЛС за законските измени, за кои вели не можат да се донесат преку ноќ.

„И да го земеме ова да го решаваме на начин по укажување од страна на градочалниците верувајте за ова треба време законот за локлна самоуправа е системски закон се носи со двотретинско мнозинство и треба да бидеме свесни дека на овој начин доколку влеземе во оваа авантура не можеме утре да го решиме прашањето. “-Златко Перински

На вечрашната седница на град Скопје, иако претходно најавена, репарација на 30 автобуси на ЈСП, не се најде како точка на дневен ред. Советниците, не дадоа зелено светло ниту на идеите за набавка на нови еколошки автобуси и брз автобуски превоз. Но, меѓу другото, ја изгласаа потребата за вработување на 120 сезонски работници во ЈП „Комунлна хигиена“, со што се очекува да се ублажи проблемот со отпадот во градот. Од ЈСП за Канал 5 велат во согласност со финансиските можности со кои располага претпријатието во тек е реапарација на неколку автобуси, но повеќе детали не се соопштуваат. В понеделник почнува новата учебна година, а со тоа и измените на возниот ред во ЈСП за што ќе бидат потребни повеќе автобуси, но дали ќе се стави крај на долгото чекање на градскиот превоз останува неизвесно. Неодамна, дирекотрот на ЈСП, Драги Кушовски рече дека само за пополнување на летнио возен ред претпријатието се соочува со недостиг од 40 авотбуси.

Извор: Канал 5

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.