Гори на Вардариште во Скопје, интервенираат неколку пожарникарски возила

Неколку противпожарни возила се обидуваат да го изгаснат пожарот кој се уште гори на дивата депонија Вардариште во Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи.

-РЦУК Скопје известува дека во врска со Вардариште од комунална инспекција од Град Скопје ги информирале дека се на терен, има и полиција и неколку возила од пожарна и интервенираат, но има сеуште пламен, наведуваат од ЦУК.

Депонијата Вардариште е во надлежност на Град Скопје, а е лоцирана на територијата на Општина Гази Баба. Чадот од пожарот покрај во Гази Баба се чувствува и во соседната општина Аеродром.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.