ВМРО-ДПМНЕ до Кузеска: Пајазити дозволи да побегне Рамадани, сè друго е фолклор за негов спас

Пајазит Пајазити треба да биде разрешен, тој дозволи Блерим Рамадани да избега, се друго е фолклор за негов спас во режија на СДС и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Богданка Кузеска дека функционери на МВР и други институции го пуштиле Блерим Рамадани да побегне.

„Ако Пајазити не го ставеше во куќен притвор Рамадани, тој сега уште ќе беше во Шутка. Пајазит Пајазити е извршител на СДС и ДУИ, историјата на неговите одлуки покажува дека е измеќар на опозицијата. СДС и ДУИ се што прават е обид за дефокусирање на јавноста од нивниот измеќар Пајазити кој е еден од главните виновници зошто довербата на народот во судството е 2%. СДС и ДУИ попусто се надеваат дека ќе дефокусираат. Одговорност за сите нивни криминалци, вклучително и Пајазити ќе има“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.