Веќе видено: Обвинителството не најде кривично дело за несервисираните „ер трактори“: Искинете си ги дипломите, им порача Ковачки
Обвинителството не нашло кривични докази против поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути кој нема да одговара што несервисираните „ер трактори“ не беа во функција за време на големите пожари летото 2021 година.
Тогаш изгореа 450 илјади кубни метри шума, проценетата штета надмина 30 милиони евра а Максути откри дека канадерите не биле во функција две години зашто немало кој да ги сервисира.
„Ова е многу скапа инвестиција и не е за секој пожар“, изјави тогаш Максути.
Додека авионите беа приземјени заради несервисирање, Максути редовно беше сервисиран со директорска плата и бенефиции кои ги носи таа позиција.
На ова реагираше Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ: