Ѓубре и асфалт под Св. Пантелејмон! Данела? Стевче? Се слушаме?
Веќе две години стои ѓубрето на паркингот под црквата Свети Пантелејмон на Водно, Скопје. Две години тука се фрлени и некои канделабри кои би можеле дури и да се употребат.
Но надлежните, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Карпош гајле немаат со ова, велат скопјани.
На само неколку метри подолу, исто така веќе две години исфрлен е стар асфалт покрај патот. И тоа нема кој да го исфрли. Ајде, догодина се локалните избори, треба да се покажете пред крај!