ЦУК: Oд 29 пожари на отворено во последното деноноќие, 7 се уште се активни
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имаше вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се уште активни.
Седумте активни пожари на отворено се во:
– Општина Штип кај с.Селце и с.Пухче (каде што гори мешана шума);
– Општина Штип и во Општина Неготино, во реон на Армискиот воен полигон, високо над Криволак кон Пенуш, каде што има многу голема „фронтова“ линија на пожарот (каде што гори ниска вегетација – смреки, трња, грмушки и нискостеблеста шума, претежно даб)
– Општина Македонски Брод: с.Брезница и с.Тажево каде што гори квалитетна борова шума, 15 вработени од Јасен помогнати преку ден од армиските 30-ина припадници, а и од неколкумина од ЈП „Национални шуми“, имаат само по неколку часа здивнување и речиси деноноќно се борат на линија кај реката-понорница Оча пред Борова Брезница да не се пробие огнот кон внатрешноста на заштитено повеќенаменско подрачје “Јасен” од посебно значење за државата. Вчера армискиот хеликоптерот „Ми 17“ во два наврата не можеше да дејствува од многу, а и густ чад и небезбедни услови за дејство;
– Општина Чашка кај с.Габровник и с.Мокрени (каде што гори мешана шума и ниска вегетација) Таму линијата на огнот со повремени прекини и појаки жаришта е голема се до Мукос, над Богомила;
– Општина Чашка: месноста Мукос, има пожар префрлен од прилепска страна (при што гори ниска вегетација);
– Општина Долнени кај кај с.Небрегово ( гори нискостеблеста шума);
– Општина Долнени: с.Гостиражни, префрлен пожар од с.Богомила, Општина Чашка (каде што гори мешана шума и ниска вегетација)
ЦУК информира дека под контрола се 7 пожари и се настојува да се доведат во фаза на локализирање за потоа и да се изгаснат – ликвидираат, во:
– Општина Кавадарци: с.Фариш и с.Ораовец (мешана шума);
– Општина Неготино: с.Калањево (нискостеблеста шума);
– Општина Македонски Брод: с.Брезница место викано Тажевска Река (борова шума);
– Општина Македонски Брод: с.Дивеч и с.Слатина (мешена шума);
– Општина Пробиштип: место викано Балабаница, с.Зелен Град во близина на одморалиште Пониква (паднати дрвја од бука и папрат);
– Општина Ново Село: с.Бадилен (мешана шума) и во
– Општина Чашка: планина Голешница на врвот Лисец помеѓу с. Г. Јаболчиште и Дреново. (мешана шума).
Изгаснати се 15 пожари на отворено во последното деноноќие, во:
– Општина Аеродром: во Лисиче (ниска вегетација);
– Општина Арачиново: во атарот на с. Арачиново (стрниште);
– Општина Студеничани: с. Пагаруша (ниска вегетација);
– Општина Прилеп: с. Дабница (ниска вегетација);
– Општина Крушево: с. Алданци (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Струмица: во кругот на Комбинатото Слобода (ниска вегетација);
– Општина Струга: с. Велешта (ниска вегетација);
– Општина Дебар: во наслеба Венец 2. (ниска вегетација);
-Општина Кичево: 2 с. Србица и с. Осломеј (сено, и стрниште);
– Општина Куманово: во улица 400 Куманово (ниска вегетација);
– Општина Кочани: с. Уларци (стрниште);
– Општина Гостивар: 2 с. Тумчевиште и покрај автопатот Тетово-Гостивар. (ниска вегетација и фабриката за мебел) и во
– Општина Кавадарци: с. Мрзенци (каде што гори ниска вегетација).