Фрчковски призна: Вистина е дека со државни пари, приватно купувал авионски билети, ама морал, патувањето било итно
Контроверзниот амбасадор Љубомир Фрчовски конечно призна дека користел државни пари од службената картичка за да приватно си купува авионски билети кон Македонија, но се правда дека морал поради итна медицинска интервенција, а потоа и да присуствува на погреб на својот брат. Интересно е што дури сега, откако беше повикан на консултации во МНР, тој ги кажа причините и тврди дека деновиве ги надоместил парите од свои приватни средства. Одговорот на амбасадорот не дојде од него лично, туку преку соопштение од мисијата на Македонија во ООН, со речник недостоен за дипломатско преставништво.
Срамна и мизерна е забелешката на службите во Министерството за надворешни работи и трговија (МНР) дека амбасадорот злоупотребил службена картичка за авионски карти кон Македонија. Амбасадорот имаше итна медицинска интервенција во Македонија и беше на погребот на својот починат брат, ненадејни настани кои го принудија привремено да искористи пари од Мисијата за авиобилет, кои секако деновиве ги надомести од свои приватни средства.
Во ова исто осоопштението се објавени и документи, со кои Фрчковски, преку мисијата тврди дека сепак ги уплатил парите од продажбата на имотот кој и припаднал на Македонија по поделбата на имотите на Југославија на територијата на САД. Воедно, злупотребувајќи ја мисијата во ООН, Фрчковски влегува во отворен конфликт со МНР нарекувајќи ги „измеќари„. Тврди дека во моментов е на боледување, а потоа бил подготвен да се повлече.
Причината поради која Фрчовски е повикан на средба во Министерството е сомнежот за можна злоупотреба на службената картичка за авионски билети без почитување на пропишаните процедури. Во Министерството немало ниту евиденција за парите од продажбата на имотот кој и припаднал на Македонија по поделбата на имотите на Југославија на територијата на САД. Официјално од МНР изветија дека тие ќе ги проверувале наводите за прекршување на правилата на работа. Изминатите денови, на разговори во МНР беа повикани уште двајца амбасадори, преставникот во Рим, Весел Мемеди поради скандалот со пасошиоте и Дачно Марковски, од Албанија поради скандалозниот попис.
Извор: ТВ Алфа