Укинување на економските директори, АМА И ЛОЦИРАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА, најави премиерот
Укинување на економски директори, укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста. После долги години злоупотреби и партиски манипулации, Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата “економски директори” во јавните здравствени установи, пишува премиерот Христијан Мицкоски.
Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.
Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.
На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањето
Верувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.
Нашата посветеност на здравјето и благосостојбата на граѓаните останува приоритет и овој чекор е уште еден доказ за нашата заложба за подобро здравство, напиша тој.