Почина 50-годишниот мотоциклист во тешката сообраќајка од вчера

Имено, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

Во СВР Скопје било пријавено дека на 20.07.2024 година на крстосница од ул.„518“, ул. „516“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Од МВР информираа дека несреќата се случила помеѓу патничко возило „киа“ со холандски национални ознаки, управувано од Б.С.(43) од Холандија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.С.(50) од Скопје.

Имено, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, соопшти МВР.

На Клинички со часови се борат за животот на скопјанец по тежок судир попладнево

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.