ДЕТАЛИ ЗА ГОЛЕМИОТ ПОЖАР КАЈ ПЕПЕЛИШТЕ: Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар, ветерот го отежнува гаснењето

Од Центарот за управување со кризи информираат дека после неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Конечка планина (планина Серта) од десната страна на регионалниот пат Неготино – Штип.

Голем пожар избувнал денеска околу 10.30 часот на отворено во атарот на с. Пепелиште, во близина на армискиот камп за обука Пепелиште кој е составен дел на армискиот полигон Криволак.

Од Центарот за ушравување со кризи информираат дека после неуспешниот обид од страна на питомците пожарот да биде ставен под контрола, тој се проширил и се движи во насока кон сртот на Конечка планина (планина Серта) од десната страна на регионалниот пат Неготино – Штип.

-Линијата на фронтот на пожарот е подолга од еден километар. Во овој момент не е загрозено населено место ниту има таква тенденција но пожарот се движи кон два далеководи од кои едниот од 410 киловолти се исклучил самиот а другиот од 110 киловолти е сеуште во функција. Ветрот кој постојано дува менувајќи го правецот дополнително го отежнува гаснењето на пожарот, информира ЦУК.

Горат нискостеблести растенија, но и мешана шума вклучително и мешана зимзелена шума. Поради сериозноста на пожарот полицискиот хеликоптер кој учествуваше во гаснењето на пожарот кај Велес е пренасочен и веќе започна со дејство врз пожарот кај Пепелиште.

-Останатите два полициски хеликоптери се на редовен сервис, едниот ќе биде функционален после понеделник додека вториот кон крајот на август. Армискиот хеликоптер е ангажиран на редовни армиски задачи во Охрид и нема доволно време истиот да се пренасочи во Скопје, да наполни гориво, да закачи ведро и да се упати кон Пепелиште. Трите Ер трактори се нефункционални поради недостаток на пилоти, проблем кој се очекува да биде надминат на следната владина седница, истакнуваат од ЦУК.

Во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Неготино, ТППЕ Кавадарци а во секој момент ќе им се придружат и нивните колеги од Штип како и вработени од Национални Шуми. Воедно во гаснењето се вклучени и вработени од ЈКП Неготино.

Чадот од пожарот се чувствува и во Неготино.