Грчки медиуми: Мицкоски на НАТО Самитот зборуваше за „Македонија“, „македонска“ влада и „македонска“ армија
Премиерот на * Македонија, Кристијан Мицкоски, уште еднаш грубо го прекрши Договорот од Преспа, бидејќи во своите изјави на Самитот на НАТО ја нарече својата земја како „Македонија“, а зборуваше за „македонска влада“ и „македонска армија“, пишува грчки „Прото тема“.
Весникот пишува дека премиерот Мицкоски ги игнорирал грчките и сојузничките предупредувања, и ги повторил провокациите што тој и претседателот на соседната земја имаат тенденција да ги повторуваат во последно време.
Прото тема ги пренесува зборовите на македоскиот премиер кој рече:
„Како мал народ сакаме да потврдиме дека за нас е важно да ги донесеме најзначајните одлуки кои ќе ја обликуваат иднината на човештвото во наредните децении во деновите кога овде разговараме за важни прашања. И ние ќе го дадеме нашиот придонес;
„Македонија“ како земја има намера да продолжи да работи и да ги промовира вредностите на овој начин. Како влада на „Македонија“, сакаме да застанеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го афирмираме слободарскиот дух на македонскиот народ и граѓаните на „Македонија“.